Македонија

Наместо да ги исполни барањата на наставниците, СДСМ преку нивните пајташи им се заканува и ги нарекува убијци, вели ВМРО-ДПМНЕ

Владата наместо да им се заканува на наставниците да ги покачи платите согласно барањата на СОНК,вели ВМРО-ДПМНЕ

„Владата мора да го нивелира коефициентот на сложеност на работните места во образованието со минималната плата и да изврши зголемување на платите.

Наместо да ги исполни оправданите барања на наставниците СДСМ преку нивните пајташи им се заканува и ги нарекува убијци.

Заканувачките графити на образовен објект во општина Ѓорче Петров покажува само колку власта е исплашена, и мисли дека со закани може да купи мир.

Наставниците не заслужуваат закани и притисоци, бидејќи тие се еден од столбовите на ова и секое општество. Затоа ги повикуваме и ОБСЕ и меѓународната заедница да ги осудат ваквите притисоци и закани“; се вели во соопштението.

На почеток