Македонија

Наставата мора да продолжи да се одвива непречено, СОНК да го продолжи дијалогот, вели СДСМ

Наставата треба да продолжи заради децата, СОНК да го продолжи дијалогот, вели СДСМ

„Сите мораме да се водиме од интересот на учениците.

Правото на штрајк е уставно загарантирано, но наставниците треба да се водат и од интересите на нивните ученици.

Наставата мора да продолжи да се одвива непречено, особено поради фактот што зад нас имавме две училишни години во падемија кога учениците следеа онлајн или комбинирана настава.

Владата предводена од СДСМ покажа вистинска грижа за образованието како клучен сектор во нашето општество.

Тоа се гледа преку зголемените плати кои за четири и пол години ги зголемивме од 3.200 до 6.400 денари, како и преку сериозните инвестиции во подобрување на условите за работа на наставниот кадар.

За четири и пол години изградивме и реконструиравме над 80 училишта, а за 2022 година предвидени се над една милијарда денари за капитални проекти во образованието.

И оваа година следува раст на платите во образованието, тоа ќе го постигнеме низ дијалог со Синдикатите и сите засегнати страни.

Затоа, апелираме СОНК да го продолжи дијалогот, наставата да продолжи, ќе се најде решение кое е во интерес на наставниците.

Да не дозволиме наставата да се пролонгира и со тоа да се загрозат уписите, државната матура и полагањето на стручен испит на петстотини наставници.

СДСМ како одговорна партија продолжува со вистинска грижа за образованието, за наставниците и учениците“, се вели во соопштението.

На почеток