Избори за градоначалник во Центар Жупа, излезноста е 2,17%
Од
Објавено на
Во општина Центар Жупа денеска се спроведуваат повторените избори за градоначалник.
Се гласа на 16 избирачки места, а запишани се 7.077 избирачи со право да глас.
Во текот на вчерашниот ден своето право на глас можеа да го остварат 57 лица кои до општинската изборна комисија се пријавија како болни и немоќни, како и три лица кои се на издржување казна затвор или се во притвор.
До 9 часот излезноста на гласачките места во општина Центар Жупа е 2.17 отсто, односно гласале 154 гласачи, соопшти Државната изборна комисија.