Свет

Отворени гласачките места низ Велика Британија: Граѓаните избираат кандидати за Долниот дом

Избирачките места во Велика Британија се отворени утрово во 08:00 часот по локално време, јавува Би-Би-Си.

Граѓаните на таа земја избираат кандидати за 650 места во Долниот дом на парламентот, а мнозинството ќе има право да ја формира новата Влада на Велика Британија.

Според анкетите, Лабуристичката партија на Кир Стармер има најголеми шанси за победа на изборите.

Избирачките места ќе бидат отворени до 23 часот по локално време.

На почеток