Свет

Во Украина почна да пристигнува американска воена помош

Некои пратки со американска воена помош почнаа да пристигнуваат во Украина, изјави претставник на Белата куќа, цитиран од Си-Ен-Ен.

Претходно оваа недела, претседателот Џо Бајден одобри дополнителни 800 милиони долари воена помош за Украина.

Тој рече дека поддршката ќе вклучи ново оружје приспособено да се бори против очекуваниот руски „поширок напад“ на исток.

На почеток