„Путин планира да ја добие војната по секоја цена, можеби ќе треба да користи и нуклеарно оружје“, вели Нина Хрушчов

Од
Објавено на

Правнуката на поранешниот советски лидер Никита Хрушчов предупреди дека Русија можеби е подготвена да употреби нуклеарно оружје во Украина.
Нина Хрушчов, професорка по меѓународни односи во САД, за Би-Би-Си изјави дека верува дека рускиот претседател Владимир Путин на крајот ќе направи се што е потребно за да победи во војната.
„Ако треба да прогласи победа и можеби ќе треба да користи тактичко нуклеарно оружје – не го предвидувам тоа – тоа би можело да биде една од опциите што Русите би можеле да ги искористат“, рече таа.
