Свет

И Бугарија им забрани на руските бродови пристап до нејзините пристаништа

Бугарија им забрани на бродовите под руско знаме да влезат во нејзините пристаништа на Црното Море како дел од проширените санкции на ЕУ, објави во неделата Поморската управа на земјата на својата веб-страница.

„На сите бродови регистрирани под руско знаме, како и на сите бродови што го промениле руското знаме, или знамето или регистрацијата во поморскиот регистар во која било друга земја по 24 февруари, им е забранет пристапот до бугарските морски и речни пристаништа“, соопшти владата.

Исклучоци ќе бидат само за бродовите во неволја или кои бараат хуманитарна помош, или бродовите кои превезуваат енергија, храна и лекови во земјите на ЕУ.

Претходно романските власти одлучија да забранат влез на бродови под руско знаме во романските пристаништа од 17 април.

На почеток