Свет

Русите им дадоа ултиматум на украинските сили во Мариупол

Руските вооружени сили им понудија на украинските сили блокирани во Мариупол да го положат оружјето од денеска во 6 часот по локално време, па нивните животи ќе бидат поштедени, изјави шефот на рускиот национален центар за управување со одбраната, Михаил Мизинцев.

– Имајќи ја предвид катастрофалната ситуација во фабриката Азовстал и од чисто хуманитарни принципи, руските вооружени сили им нудат на милитантите и странските платеници да ги запрат непријателските акции и да го положат оружјето – рече Мизинцев, пренесува ТАСС.

Тој изјави дека тие што ќе го направат тоа ќе бидат поштедени.

Како што е најавено, прекин на огнот ќе биде воспоставен од 05.30 часот по московско време, а рокот за предавање на оружјето е 13.00 часот по локално време.

Според соопштението, во изминатите 24 часа има големо зголемување на бројот на пресретнати радио комуникации, со кои милитантите бараат од украинските власти дозвола да се предадат и да го положат оружјето бидејќи се во безизлезна ситуација, без храна и вода, но властите им забрануваат, пренесе ТАСС.

На почеток