Свет

ОН: Многумина од речиси петте милиони кои избегаа од Украина нема да имаат каде да се вратат

Многу од речиси петте милиони луѓе кои избегаа од Украина нема да имаат домови во кои ќе се вратат, предупредија Обединетите нации.

Кога полскиот заменик-министер за внатрешни работи Мачеј Вашик кон крајот на јануари рече дека неговата земја „мора да биде подготвена за бран од милион луѓе“ во случај на голема руска инвазија на Украина, многумина мислеа дека тоа е претерување.

53 дена по руската инвазија, според УНХЦР, речиси пет милиони Украинци ја напуштиле земјата. Околу 90% од оние што избегаа се жени и деца, откако владата воведе вонредна состојба со која им се забранува на мажите на возраст од 18-60 години да заминуваат.

На почетокот на април, УНХЦР објави дека повеќе од седум милиони луѓе се внатрешно раселени во земјата.

Полска и понатаму е главна дестинација за украинските бегалци, а земјата прими околу 2,69 милиони бегалци, а по неа е Романија со околу 720.000 луѓе.

Минатата недела, британската министерка за надворешни работи Прити Пател се извини за времето потребно за украинските бегалци да пристигнат во Велика Британија според две визни шеми, откако новите бројки покажаа дека само 12.000 пристигнале во Британија досега.

На почеток