Денеска нема да има евакуација во Украина

Украина и Русија денеска не успеаја да се договорат за коридори за евакуација за да им помогнат на цивилите кои бегаат од областите погодени од војна, изјави украинската вицепремиерка Ирина Верешчук.
„Не успеавме да се договориме за прекин на огнот на патиштата за евакуација. Затоа, за жал, денеска не отвораме хуманитарни коридори“, изјави таа. Верешчук, исто така, рече дека украинските власти побарале хуманитарни коридори за евакуација на цивилите и ранетите украински војници од Мариупол.
Во саботата беа договорени девет хуманитарни коридори за да се овозможи евакуација на цивили. Пет од деветте коридори за евакуација беа од украинскиот регион Луганск, на истокот на земјата.
