Свет

Пукање во џамија во Канада, повредени пет лица

Најмалку пет лица се повредени во пукање што се случи во саботата вечерта по молитвата во џамија во областа Торонто во Канада.

Портпаролот на полицијата во Торонто, Дејвид Риџик, изјави дека напаѓачите од автомобилот отвориле оган врз група луѓе кои ја завршиле молитвата во областа Скарборо.

Беа испукани најмалку шест истрели, но останува непознато колку луѓе учествувале во престрелката.

На почеток