Воспитувачка им давала крекери со канабис на бебиња, децата завршија во болница
Сопственичка на предучилишна установа во американската сојузна држава Вирџинија е обвинета дека им давала крекери со канабис на едногодишни деца, објавија локалните власти.
Родителите на три едногодишни деца ги однеле во болница оти се однесувале летаргично и имале црвени очи, соопшти Канцеларијата на шерифот на округот Стафорд, пренесува ABC.
Од болницата потврдија дека децата внесувале тетрахидроканабинол (ТХЦ), главната психоактивна супстанца на канабисот, а полицијата со лабораториски тестови утврдила дека канабисот бил во крекери во форма на златна рипка.
Сопственичката на предучилишната установа и се предала на полицијата, а била пуштена со казна од 2.000 долари.