По промоцијата на новата песна, „Некст Тајм“ на гости кај поранешниот претседател Иванов

Од
Објавено на

Браќата Мартин и Стефан од дуото „Некст тајм“ беа на гости кај поранешниот претседател на Македонија, Ѓорѓе Иванов. Поранешниот професор ги покани кај него, по нивната промоција на песната „Кога падна на Пирина“.
„Повторно добивме покана да бидеме гости во домот на поранешниот претседател на Република Македонија, д-р Ѓорѓе Иванов.
Добивме големи комплименти за нашата работа и за последното наше дело за песната “Кога падна на Пирина”, и за нашиот придонес за зачувување на културата и традицијата во Македонија“, велат Некст Тајм.
