Свет

Русија: Заложниците се ослободени

Генерал-мајор Игор Конашенков изјави денеска дека руските специјални сили ги ослободиле заложниците, кои украинските нацисти ги држеле во џамијата во Мариупол.

„Специјална операција за ослободување на заложниците што ги држат украинските нацисти во турската џамија беше спроведена на 16 април за време на офанзивните акции во Мариупол, на барање на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган“, изјави портпаролот Конашенков, цитиран од ТАС С.

Тој рече дека благодарение на несебичната акција на руските специјални сили биле елиминирани 29 украински екстремисти, меѓу кои имало и странски платеници, а заложниците во џамијата биле ослободени.

На почеток