Коментари

Пред 10 години сдсмовците ги нарекуваа вмровците ,,Бугари, Бугари”, а вчера послаа црвен тепих на злото, вели Јоци

Новинарката Јорданка Ивановска Јоци на социјалните мрежи сподели видео од пред 10 години, кога поддржувачи на политичката партија СДСМ, пред Град Скопје ги нарекуваа вмровците „Бугари“.

„Погледнете како пред 10 години сдсмовци го кршеа Град Скопје и вмровци ги нарекуваа ,,Бугари, Бугари”.
И што остана од СДСМ во 2022, која вчера дозволи славење на ванчомихајловистичкиот повампирен фашизам и посла црвен тепих на злото? Ништо не остана.
Прчвара!
Срам за Македонија и за секој Македонец е денешново СДСМ“, вели таа.

На почеток