13 лица во Тетово возеле без возачка дозвола
Од
Објавено на
Вчера и ноќеска (17 и 18 април) на поширокото тетовско подрачје вкупно откриени и санкционирани се 13 лица (ТЕ-4 и ГВ-9) кои ги управувале возилата без положен возачки испит и валидна дозвола за тоа. Сите се исклучени од сообраќај и изготвени им се соодветни поднесоци по член 225 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, а ќе треба да платат парична глоба од 250 евра во денарска противвредност. Толку изнесува паричната глоба и за сопствениците на возилата кои им ги дале на управување, иако знаеле дека немаат адекватна дозвола.