Тетовец се обидел да избега од полицијата, му била пронајдена марихуана
Од
Објавено на
На 18.04.2022 околу 01.10 часот на улица „Браќа Миладинови“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 20-годишниот тетовец М.М., затоа што при негов и преглед на патничко возило „сеат ибица“, со гостиварски регистарски ознаки, што тој го управувал, а во кое се превезувале уште три лица, била пронајдена марихуана. М.М. претходно не застанал на даден знак од полициските службеници, се обидел да избега, но брзо бил фатен. По целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.