Шест Пакистанци осудени на смрт за линч


Пакистанскиот антитерористички суд денеска осуди шест мажи на смрт поради линчување на државјанин на Шри Ланка, кој беше претепан до смрт, а потоа запален.
Уште седум Пакистанци денеска се осудени на доживотен затвор поради смртта на пријанта Кумара Пријанте Диаваданага, кој бил управител во пакистанска фабрика, пренесува Дејли Пакистан.
Најмалку 76 лица се осудени на по две години затвор, а едно лице е ослободено. Меѓу обвинетите има и девет малолетници.
Убиениот бил директор на фабриката во Сиалкот во Пенџаб, каде на 3 декември бил нападнат од толпа.
Светот потоа го обиколија ужасни видео снимки од линчувањето на директорот на фабриката, а инцидентот се должи на богохулењето што човекот наводно го направил кога го тргнал плакатот со зборовите од Куранот.
