Свет

Пукање за време на забава: Луѓето скокнале низ прозорец за да се спасат

Двајца тинејџери се убиени, а осум лица се повредени во пукање за време на забава во Питсбург на која присуствувале околу двесте луѓе.

Очевидци велат дека се слушнале 50 истрели, а некои скокнале од прозорците за да се спасат. Полицијата трага по напаѓачите.

Пукањето во Питсбург се случило половина час по полноќ, а на видеото до кое дојде ABC News се слушаат врисоци и се гледа паника кај учесниците на забавата кои се обидувале да побегнат.

Некои од ранетите се пронајдени во близина на куќата во која се одржувала забавата и со возило на брза помош биле пренесени во болница, додека други отишле со своите автомобили, соопшти полицијата.

Застрелани се десет лица, од кои двајца се на седумнаесет годишна возраст и им подлегнале на раните.

Полицијата потврди дека во престрелката учествувале неколку лица. „Приоритет е да се открие кој го направил ова и да ги тргнеме од улица“, рече началникот на локалната полиција.

Ова е трето пукање за девет дена на забави во изнајмени куќи – претходните се случија во Сакраменто и Хјустон.

На почеток