Украина го гранатираше регионот Белгород во Русија, вели Гладков
Од
Објавено на
Гувернерот на Белгородската област во Русија, Вјачеслав Гладков денеска соопшти дека Украина го гранатирала регионот Белгород.
„Имаше гранатирање од Украина во селото Головчино во областа Грајворон. Има уништување“, напиша рускиот функционер на Телеграм, истакнувајќи дека се утврдуваат штетите и можните жртви, пренесува ТАС С.
Подоцна објави дека во гранатирањето на ова село е повредена една жена.
„Има жртва, жена, локален жител. Сега ѝ се пружа сета неопходна медицинска помош“, напиша гувернерот на Белгородската област на својот канал Телеграм, пренесе ТАС С.