Актуелно

Почина едно од бебињата на Роналдо и Георгина

Популарниот пар Кристијано Роналдо и Георгина Родригез со нетрпение очекуваа таа да се породи и повторно да станат родители.

Георгина носеше близнаци, а вчера фудбалерот со огромна болка ја информираше јавноста дека едно од нивните бебиња починало на самото породување. Георгина донесе на свет здраво женско бебе, кое за жал го изгуби своето братче.

„Со најдлабока тага мораме да соопштиме дека почина нашето машко бебе. Тоа е најголемата болка која може родителите да ја почувствуваат. Единствено раѓањето на нашето женско бебе ни дава сила да го преживееме овој момент со некаква надеж и среќа.

Сакаме да им се заблагодариме на докторите и медицинските сестри за сета нивна експертска грижа и поддршка.

Сите сме скршени од оваа загуба и љубезно замолуваме за приватност во овој тежок период.

Наше момче, ти си наш ангел. Секогаш ќе те сакаме“, напиша Роналдо на социјалните мрежи.

На почеток