Треба да имаме закон за забранети имиња како „Ванчо Михаилов“, вели Халили
![Avatar](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2021/09/xd-80x80.jpg)
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2022/04/Screenshot-2022-04-20-103501.png)
Поранешниот дипломат Мухамед Халили синоќа во дебатата „Клик плус“ на ТВ21 истакна дека во Македонија треба да има закон за забранети имиња, како што е „Ванчо Михајлов“.
„Закон за забранети имиња немаме и треба да го имаме“, рече Халили.
Поранешниот амбасадор посочи дека посетата на бугарскиот премиер Кирил Петков и отворањето на бугарскиот културен центар „Ванчо Михајлов“ било една вистинска провокација.
„Една таква посета требаше да има цел за зближување на двете влади, институциите. Но, фактот што таа посета почна и заврши со некои изјави кои не доликуваат на досегашните вистински напори меѓу двата премиера Ковачевски и Петков, тоа значи дека целта не беше постигната, туку беше една вистинска провокација што не само јас лично како поранешен Амбасадор, туку и Советот на Амбасадори така го оквалификува“, рече тој.
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2022/01/2222.png)