Ковачевски и СДСМ молчеа за отворањето на клубот Ванчо Михајлов, а кога јавноста реагираше, излегоа со наводни осуди, вели ВМРО-ДПМНЕ
Ковачевски и СДСМ да не глумат загриженост пет ден по настанот, да кажат зошто дозволиле формирање на клубот Ванчо Михајлов, вели ВМРО-ДПМНЕ
„Ковачевски и СДСМ не можат да ги манипулираат граѓаните. Пет дена молчеа за отворањето на клубот Ванчо Михајлов во Битола, за кога видоа дека јавноста е целосно против фашистичките тенденции да излезат со наводни осуди.
Ковачевски и СДСМ дозволиле формирање на клуб со името Ванчо Михајлов, тие знаеле и дека Петков ќе дојде на отворање на истиот, и молчеа во надеж дека се ќе помине без поголема реакција на јавноста. Ковачевски и СДСМ се организатори на срамот кој го претрпе Македонија и Македонците.
Ковачевски и СДСМ да не глумат загриженост, туку веднаш да побараат писмени гаранции за македонскиот идентитет, јазик историја, пред се поголемите налети на фашизам на кои сме сведоци“, се вели во соопштението.