Почина таткото на Ацо Пејовиќ
Таткото на пејачот Аца Пејовиќ почина денеска по кратко боледување, пренесува Republika.rs.
Да потсетиме, пејачот во последно време постојано беше со својот татко, кој беше во лоша здравствена состојба, а се помалку се појавуваше во јавноста.
Погребот ќе се изврши во четврток, а времето и местото дополнително ќе бидат објавени.
Ацо Пејовиќ и неговото семејство доживеаја голема трагедија кога неговиот брат почина како бебе. Тој во едно интервју опиша низ каков пекол поминале сите кога се искомплицирала бременоста на мајка му која носела близнаци.
„Едниот брат ми умре, а другиот е роден со само 1.400 грама. Тоа беше шок за сите, но и за мене како дете. Поминаа многу години, но една слика ми остана врежана во сеќавање – како татко ми излегува расплакан од болницата. Тоа многу ме погоди. Тогаш прв и последен пат го видов како плаче“, раскажа Пејовиќ.