Магазин

„Танец“ уште еднаш го оправда ептитетот на вистински подвижен музеј на изворното македонско фолклорно творештво, вели Пендаровски

Претседателот Стево Пендаросвки, заедно со првата дама присуствуваа на велигденскиот концерт на „Танец“

„Импресивен гала-концерт на Националниот ансамбл за македонски народни игри и песни „Танец” во пресрет на Велигденските празници.

Со богатата играорна и вокално-инструментална програма од различни региони на земјата, како и со раскошноста на оргиналните носии „Танец“ уште еднаш го оправда ептитетот на вистински подвижен музеј на изворното македонско фолклорно творештво.

Честитки до целиот ансамбл за одличната изведба на „Драчевка“,„Солунка“„Малешевка”, „Сретсело”, „Копачија” и другите кореографски постановки од нашата вокално-инструментална ризница“, вели Пендаровски.

На почеток