Свет

(ВИДЕО) Капитол Хил евакуиран поради прелет на воен авион

Капитол Хил во Вашингтон беше накратко евакуиран во средата навечер по локално време.

Полицијата го забележала леталото, за кое велат дека претставува „веројатна закана“, но било утврдено дека во авионот имало и припадник на американската армија кој паднал со падобран до бејзбол стадионот на Националниот парк како дел од демонстрациите пред натпреварот.

Полицијата на Капитол го евакуираше персоналот на американскиот Конгрес, откако воениот авион кружел во строго забранетиот воздушен простор.

Инцидентот предизвика незадоволство кај претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси поради необјаснивиот недостаток на комуникација меѓу армијата и полицијата на Капитол, особено во светлината на напорите на Вашингтон да ја зајакне безбедноста во таа област по насилството на 6 јануари 2021 година, јавува АП.

Во соопштението, Пелоси ја обвини Федералната управа за авијација, нагласувајќи дека тоа што не ја информирала полицијата на Капитол за планираниот лет е „нечуено и непростливо“.

На почеток