Свет

Ким Џонг Ун размени писма со претседателот на Јужна Кореја

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун размени писма со јужнокорејскиот претседател во заминување Мун Џе-ин.

Во писмото Ким Џонг Ун изразува благодарност до Мун за неговите напори да ги подобри односите меѓу двете земји, објави севернокорејската државна агенција КЦНА.

Во своето писмо, Мун вети дека ќе продолжи да работи на обединување врз основа на изјавите дадени на состаноците во 2018 година, и покрај „тешката ситуација“ и тензиите предизвикани од севернокорејското тестирање на интерконтинентални балистички ракети.

На почеток