Свет

Поранешниот претседател на Хондурас, екстрадиран во САД поради трговија со дрога

Поранешниот претседател на Хондурас Хуан Орландо Хернандез денеска е екстрадиран во САД, каде е обвинет за трговија со дрога, јавува агенцијата Франс прес.

Тој бил пренесен со авион на Американската агенција за борба против дрога, кој полетал од главниот град Тегусигалпа во правец кон САД.

Полицијата во Хондурас го уапси Хернандез на 15 февруари во неговиот дом по барање од американската влада за негова екстрадиција под обвинение за трговија со дрога и оружје.

Хернандез беше уапсен помалку од три недели по напуштањето на претседателската функција по неколкугодишни обвинувања од американските обвинители за наводна поврзаност со трговија со дрога.

Американските обвинители во Њујорк постојано го обвинуваат Хернандез дека бил соучесник во судењето за дрога на неговиот брат во 2019 година, велејќи дека неговиот политички подем бил поттикнат од профитот од дрога.

Неговиот брат Хуан Антонио Хернандез или Тони беше осуден на доживотен затвор под обвинение за трговија со дрога и оружје во март 2021 година. Обвинителот рече дека неговите злосторства биле „шверц на дрога спонзорирана од државата“.

На почеток