Британско разузнавање објави зошто Путин мораше да се откаже од нападот на челичарницата


Британското Министерство за одбрана објави нов разузнавачки извештај за војната во Украина.
Одлуката на претседателот Владимир Путин да ја блокира фабриката за челик Азовстал во Мариупол „укажува на желбата да се ограничи украинскиот отпор“ и „да се ослободат руските сили за напади на исток“, велат тие.
Во своето последно ажурирање, Министерството рече дека целосниот руски напад врз фабриката за челик „веројатно ќе предизвика значителни руски жртви, дополнително намалувајќи ја нивната севкупна борбена ефикасност“.
Министерството понатаму наведува дека за да се обидат да ги реконструираат своите исцрпени сили, Русите морале да ја испратат својата неоперативна опрема во Русија на поправка.
