Актуелно

Во Скопје променливо облачно со температура до 21 степен

Времето денеска ќе биде променливо облачно и значително потопло, во утринските часови со локален дожд, информираат од УХМР.

Попладне ќе биде нестабилно, претежно во западните делови со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува засилен југоисточен ветер (со брзина и над 70 км/час). Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 17 до 21 Целзиусов степен.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди, попладне во делови од скопската котлина со услови за краткотраен пороен дожд. Ќе дува засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 21 степен.

В сабота претпладне ќе има услови за локален дожд, а потоа следува сончево време со мала до умерена облачност и значително потопло, со температури кои од недела на повеќе места ќе надминат 25 степени.

На почеток