Свет

„Русите киднапираа функционер во Херсон“, вели Верешчук

Руски трупи киднапираа локален функционер кој раководеше со хуманитарен конвој во јужниот регион Херсон, изјави заменик-премиерот на Украина. Ирина Верешчук рече дека војниците на Кремљ понудиле ослободување на официјалните лица во замена за руските воени заробеници, но додаде дека тоа е неприфатливо.

Таа, исто така, рече дека напорите за воспоставување три хуманитарни коридори во регионот на Херсон вчера пропаднале бидејќи руските сили не го прекинале огнот. Херсон беше првиот голем град што го зазеде Русија, а силите ја презедоа контролата врз него во првата недела по инвазијата, пренесуваат медиумите.

Истите анализираат дека минатиот месец властите тврдеа дека Русија ја изгубила контролата врз градот по контранапад на украинските сили.

На почеток