Актуелно

(ВИДЕО) Протести во Париз по победата на Макрон, полицијата фрли солзавец

Француската полиција вчера фрли солзавец врз демонстрантите во центарот на Париз кои протестираа откако претседателот Емануел Макрон повторно победи на изборите.

Полицијата се обиде да ја разбие толпата претежно млади луѓе кои се собраа откако Макрон ја победи лидерката на крајната десница Марин Ле Пен во вториот круг од претседателските избори, јави Ројтерс.

Во Франција вчера се одржа вториот круг тензични претседателски избори на кои 48,7 милиони гласачи се определија меѓу Марин Ле Пен и Емануел Макрон.

Актуелниот француски претседател Емануел Макрон победи во вториот круг од изборите со Марин Ле Пен. Според првичните проценки, Макрон освоил 58 отсто од гласовите, а Марин Ле Пен 42.

На почеток