Свет

Макрон сака да назначи жена за премиер

Францускиот претседател Емануел Макрон би сакал да назначи жена за премиер, изјави државниот секретар за европски прашања Клемент Бон.

Актуелниот премиер на Франција, Жан Кастек, ја презеде функцијата во 2020 година, по оставката на неговиот претходник Едуар Филип и неговиот кабинет, пред реконструкцијата на владата.

„Емануел Макрон секако би сакал да назначи жена во Матињон (резиденцијата на францускиот премиер). Но, не треба да ја сведеме целата политичка ситуација на кандидатура за премиер“, изјави Бон за француската телевизија BFMTV. Меѓу кандидатите кои се разгледуваат за функцијата е и министерката за труд Елизабет Борн, се вели во извештајот.

Вториот круг од претседателските избори во Франција се одржа минатата недела. Министерството за внатрешни работи го потврди Макрон за победник со 58,54 отсто гласови, наспроти 41,46 отсто од неговата десничарска ривалка Марин Ле Пен.

To Top