Свет

Трамп казнет за непочитување на судот

Њујоршкиот судија Артур Енгорон го казни поранешниот американски претседател Доналд Трамп со 10.000 долари дневно поради непочитување на судот.

Според пресудата на судијата Енгорон, Трамп ќе треба да плати сума од 10.000 долари за секој ден доцнење со поднесувањето на документацијата по налог на државниот обвинител, а во рамки на истрагата што се води за бизнисот на поранешниот Американски претседател.

„Господине Трамп, знам дека сериозно си ја сфаќате работата и јас сериозно си ја сфаќам работата“, рекол Енгорон пред да ја објави пресудата, пренесе АП.

Адвокатката на државата Њујорк, Летиција Џејмс, побара од судот да го прогласи Трамп за виновен за непочитување на судот, откако го пропушти судскиот рок за поднесување документи што истече на 31 март.

Трамп, се бори со Џејмс на суд поради нејзината истрага, која тој ја нарече политички мотивиран лов на вештерки.

На почеток