ВМРО-ДПМНЕ стои зад политизацијата на штрајкот на СОНК на грбот на децата, вели СДСМ
Од
Објавено на
„ВМРО-ДПМНЕ стои зад политизацијата на штрајкот на СОНК на штета на децата, на родителите и наставниците“, вели СДСМ.
Тие додаваат:
„Тоа е истата ВМРО-ДПМНЕ која го урниса образованието, во чие време на владеење, наставниците беа понижувани, уценувани и под постојан притисок.
Само во образованието во изминатите три години, СДСМ во три наврати ги зголеми платите на наставниците за над 21 отсто, додека ВМРО-ДПМНЕ за 11 години ги покачи за само 4 отсто.
ВМРО-ДПМНЕ преку своите пратеници со месеци го блокира Законот за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта“.