Актуелно

Велика Британија: Војната во Украина е наша војна

Велика Британија синоќа ги повика сојузниците на Украина да покажат „храброст“ и да ја зголемат воената помош, нагласувајќи дека војната во Украина е нивна војна, а победата на Киев е „стратешки императив за сите нас“.

„Тешко оружје, тенкови, авиони – ајде да ѕирнеме подлабоко во нашите залихи, да го забрзаме производството, мораме да го направиме тоа“, рече британската министерка за надворешни работи Лиз Трас во говорот во Лондон во средата навечер.

Рускиот претседател, пак, повторно предупреди на какво било мешање во украинскиот конфликт однадвор, најавувајќи „молскавичен и жесток“ одговор.

Руските сили, кои пред две недели ја засилија офанзивата на Донбас, вчера соопштија дека бомбардирале 59 украински цели.

To Top