Македонија

Теута не го помина филтерот на ЕУ

Предлогот за амбасадор во Европската Унија, во Брисел, да биде испратена Теута Арифи, кадар на ДУИ, не го поминала филтерот на ЕУ.

Информацијата ја oбјави МКД.мк повикувајќи се на доверливи дипломатски извори.

Претходно, Алијанса за Албанците беше против обидите Арифи да биде испратена како амбасадорка, бидејќи сметаат дека на тој начин ДУИ сака да ја заштити со дипломатски имунитет поранешната градоначалничка на Тетово од кривичните постапки кои се водат против неа. Токму поради тоа на почетокот од месецов Алијанса за Албанците ја повика ЕУ да ја одбие акредитацијата на Арифи за амбасадор.

Таа претходно беше градоначалник и раководеше со Општина Тетово.

На почеток