Македонија

Уште од каде треба да ја вратат Арифи, за Ковачевски да престане да ја бламира државата, вели ВМРО-ДПМНЕ

Уште од каде треба да ја вратат Теута Арифи, за Ковачевски да престане да ја бламира државата со обидите да ја наметне по секоја цена, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Очигледно е дека ниту во Вашингтон, ниту во Анкара, ниту пак во Брисел сакаат за амбасадори лица кои на платен список имале над 800 лица кои фиктивно се воделе како вработени или вршители на разни дејности, само за да земат плата, а не доаѓале на работа.

Никој не сака за амбасадор политичар кој договарал спорна бетонизација како таа на ШИК Јелак, со контроверзниот Миодраг Давидовиќ Дака.

Ковачевски да не ја бламира државата, амбасадорските позиции, особено во држави наши стратешки партнери треба да бидат заземени од дипломати со долго искуство“, се вели во соопштението.

To Top