Саем на книга од 3 до 9 мај
Од
Објавено на
Саемот на книгата ќе се одржи од 3 до 9 мај во Арената „Борис Трајковски“. Љубителите на книгата ќе може да избираат од понудата на голем број домашни и странски автори, странска литература, стручна, научна и белетристичка литература, книги за млади и деца.
Работното време на Саемот е од 10:00 до 20:00 часот. Билетите ќе може да се набават онлајн и на билетарниците пред влезот на Саемот.
Саемот на книгата е поддржан од Министерството за култура.