Свет

Руски воен авион го наруши шведскиот воздушен простор

Руски воен авион накратко го нарушил шведскиот воздушен простор, соопшти шведската армија, пренесува Хина.

Авионот АН-30 претходната ноќ прво бил источно од данскиот балтички остров Борнхолм, а потоа полетал кон шведска територија.

Тој накратко го нарушил шведскиот воздушен простор јужно од провинцијата Блекинге во југоисточна Шведска, а потоа ја напуштил областа.

Шведски борбени авиони го следеле инцидентот и го фотографирале рускиот авион. Четири руски борбени авиони накратко го нарушија шведскиот воздушен простор на почетокот на март, анализираат медиумите во светот.

Шведска и соседна Финска интензивно разговараат за можноста за влез во НАТО од почетокот на руската инвазија на Украина кон крајот на февруари, поради што Русија неколкупати ги предупреди.

На почеток