Зеленски: Москва никогаш не ги научила лекциите од Втората светска војна
Украинскиот претседател Володимир Зеленски по изјавата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров дека нацистичкиот лидер Адолф Хитлер има еврејско потекло, вели тоа покажува дека Москва „ја заборавила или никогаш не ги научила лекциите од Втората светска војна“.
„Немам зборови… Никој не слушна никакво демантирање или оправдување од Москва. Сè што имаме од таму е молк, што значи дека руското раководство ги заборавило сите лекции од Втората светска војна“, рече Зеленски, пренесува Ројтерс.
Според текстот на интервјуто објавен на веб-страницата на руското Министерство за надворешни работи, Лавров, на изјавата на новинарите дека претседателот на Украина Володимир Зеленски ја смета денацификацијата, која Москва ја утврди како една од целите на интервенцијата во Украина, е бесмислено и дека Зеленски е Евреин:
„Тој прави аргумент: каков нацизам може да имаат ако тој е Евреин. Можеби грешам, но Адолф Хитлер имал и еврејска крв. Тоа апсолутно ништо не значи. Мудриот еврејски народ вели дека најжестоките антисемити се обично Евреи“.