Свет

Висок претставник на ЕУ објави какви санкции ја чекаат Русија

Високиот претставник на ЕУ Жозеп Борел најави дека новиот пакет санкции против Русија ќе ja вклучи нафтата, уште повеќе руски банки и одговорни за ширење лажни вести и дезинформации.

Борел на Твитер објави дека работат на шестиот пакет санкции, кој предвидува исклучување на уште повеќе банки од SWIFT, проширување на листата на санкции за ширење на дезинформации и санкции поврзани со нафтата.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен се очекува во среда наутро во Европскиот парламент да го претстави шестиот пакет санкции. Предлогот за санкции треба да биде одобрен од земјите-членки.

На почеток