Актуелно

Вучиќ: Ова ќе биде најтешката зима за цела Европа во последните 50 години

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, престојуваше во еднодневна посета на Грција, каде присуствуваше на одбележувањето на почетокот на работите за изградба на терминал за течен гас во Александрополи.

По церемонијата, претседателот на Србија се обрати пред новинарите. Тој денеска оди во Берлин каде ќе биде примен од германскиот канцелар Олаф Шолц.

„Германија е сериозна земја и се подготвува за она што следува. Ова ќе биде најтешката зима за цела Европа во последните 50 години. Има два клучни проблеми – енергијата и индустријата, како и инфлацијата. Добро е што немаме висока стапка на јавен долг. Ќе има доволно храна, нема да имаме проблеми во краен случај, но мора многу да се направи. Кој и да ви каже дека ќе биде прекрасно и одлично – нема. Ќе биде многу тешко“, рече Вучиќ.

Тој му се заблагодари на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис и додаде дека со него разговарал за сите важни теми, Украина, Брисел, европскиот пат на Србија и билатералните односи меѓу Грција и Србија.

„Верувам дека во годините што доаѓаат ќе обезбедиме нормален и пристоен живот за нашите граѓани“, рече Вучиќ.

На почеток