Свет

Дали овој град е следната цел на Путин

Аналитичарот за одбрана и безбедност, д-р Алекс Волмсли за Sky News изјави дека моментално има три жаришта на руската инвазија.

Првиот фокус е на унапредувањето на запад, Молдавија и нејзиниот отцепен регион Придњестровје, за кој што рече дека рускиот претседател Владимир Путин сака да предизвика проблеми и нестабилност.

Фокусот е исто така на Мариупол, опколениот пристанишен град кој сè уште се спротивставува на нападите и не е целосно паднат во руски раце и покрај постојаното бомбардирање. Волмсли истакнува дека доколку Путин ја преземе фабриката за челик Азовстал, последното упориште на украинскиот отпор во Мариупол, ќе може да каже дека целиот јужен коридор е во руски раце.

Третиот фокус е на напредување кон градот Криви Рих, кој би можел да биде следната цел на руските сили. Волмсли истакнува дека можеби изгледа дека „тоа нема стратешко значење, но е многу симболично бидејќи е роден град на украинскиот претседател Володимир Зеленски“.

„Путин сака да покаже резултати бидејќи очигледно специјалната операција во Украина требаше да трае само неколку дена, а еве сме во третиот месец“, изјави Волмсли за Sky News.

На почеток