Мицкоски: Додека функционерите од власта се корумпирани и крадат, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ штедат, работат и градат
„Продолжуваме со активностите на терен под мотото Промените продолжуваат, заедно со народот, она што денеска го гледаме овде во Карбинци е доказ дека не се работи само условно кажано во поголемите општини, туку се работи насекаде каде што градоначалниците се дел од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата“, вели Христијан Мицкоски.
Тој додава:
„Задоволен сум од ова што го гледам, затоа што ова претставува одлична можност каде што општината покажува дека со сопствени средства, со домаќинско работење, посветено работење може да се направи многу и да се овозможат услови на индустријата да ги заврши своите инвестиции, а со тоа да обезбеди развој на локалната економија и нови вработувања.
Јас навистина сум среќен што можам да кажам дека еве за помалку од половина година разликата е евидентна. Не се сите исти, додека некои се корумпирани и крадат, другите штедат и работат и градат. Тоа е разликата помеѓу оваа корумпирана и криминална власт и онаму каде што ВМРО-ДПМНЕ има можност да покаже пред граѓаните како се работи.
Тоа е иднината која што ние ја нудиме, проекти, домаќинско работење, посветено работење, се во интересите на граѓаните.
ВМРО-ДПМНЕ покажала многу пати во минатото, така ќе биде и во иднината дека е државотворна партија и партија која што се грижи исклучиво за интересите на граѓаните и на Македонија.
Јас уште еднаш им честитам и на градоначалникот и на неговиот тим што навистина овозможува од сопствениот буџет во едни вакви тешки услови да се реализира една ваква капитална инвестиција, а со тоа да им овозможи на бизнисмените кои што одлучиле овде во оваа индустриска зона да купат парцела да изградат свој објект и да обезбедат нови вработувања, кои што значат голема поддршка за локалната економија, но и за Македонија“.