Свет

(Видео) Пожар во складиште за нафта во Донецк

Огромен пожар избувнал денеска во складиште за нафта во градот Макеевка во Донецк, регион во источна Украина.

Проруските сепаратисти, кои ја контролираат областа, изјавија дека складиштето било погодено од украински проектил.

Локалните власти соопштија дека на местото на настанот има 90-ина пожарникари, кои се обидуваат да го изгаснат пожарот.

На почеток