Буш: Зеленски е Черчил на нашето време
Од
Објавено на
Поранешниот американски претседател Џорџ Буш го нарече украинскиот претседател Володимир Зеленски „Черчил на нашето време“.
На својот Инстаграм профил, по разговорот со Зеленски преку видео врска, Буш изјави дека му се заблагодарува на украинскиот претседател „за неговото лидерство, неговиот пример и посветеноста на слободата“ и ја поздравува храброста на украинскиот народ.
„Почестен сум што поминав неколку минути разговарајќи со претседателот Зеленски – Винстон Черчил од нашето време.
„Претседателот Зеленски ме увери дека нема да се откаже од борбата против варварството и насилството на Путин“, напиша Буш.