Хрватска и испрати протестна нота на Австрија


Хрватското Министерство за надворешни и европски работи испрати протестна нота до Австрија.
Упатена е протестна нота поради отстранување на грбот со првото бело поле на „шаховската табла“ од спомен-каменот на „почесниот вод Блајбург“.
Грбот е во приватна сопственост на австриското здружение „Почесен вод Блајбург“, а причините и образложението за неговото отстранување што ги изнесе Општинската управа на Велкермарт се „неприфатливи за Република Хрватска од историски, општествен и политички аспект“, велат од Министерството.
Во белешката се посочува дека „самиот грб со векови е составен дел од хералдиката на Хабсбуршката монархија и како таков често се истакнува на различни историски градби и во разни списи, па затоа нема и не може да има противуставна конотација.”
