Свет

Русија протерува седум дански дипломати

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека во согласност со мерката реципроцитет донело одлука за протерување седум дански дипломати.

Во соопштението на Министерството се наведува дека во зградата на Министерството е поканет данскиот амбасадор во Москва, Карстен Сондергард.

Се наведува дека тој бил повикан поради неоправданото прогласување на 15 руски дипломати за „персона нон грата“, односно непожелни лица во Данска на 5 април и давање воена помош за Украина.

Во соопштението се додава дека антируската политика во Данска ќе предизвика сериозна штета на билатералните односи со Русија.

„Амбасадорот беше информиран дека седуммина вработени во данската амбасада во Русија во нашиот одговор се прогласени за „персона нон грата“. Овие лица мора да ја напуштат земјата во рок од две недели. Исто така, еден дипломат од данската дипломатска мисија не добил виза“, се вели во соопштението

To Top