Свет

Казахстан распиша референдум за уставни реформи

Казахстан распиша референдум за уставни реформи за 5-ти јуни по немирите и протестите што ја потресоа земјата во јануари.

Во телевизиско обраќање, казахстанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев рече дека е убеден дека сите заедно мора да донесуваат одлуки важни за земјата.

Во април тој повика на референдум, оценувајќи дека реформите што има намера да ги спроведе ќе доведат до формирање на „втора република“.

Реформата треба да му овозможи на парламентот да добие поголеми овластувања, да ја ослаби извршната власт и да го промени привилегираниот статус на неговиот претходник и поранешен прв човек на земјата, Нурсултан Назарбаев (81).

„Референдумот треба да ја покаже посветеноста на земјата кон демократските принципи“, рече Токаев, додавајќи дека со измена на третина од уставот, Казахстан ќе добие претседателски систем со силен парламент.

На почеток